26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ги лажирал некои од податоците за Mondeо! (фото+видео)

Ford ги лажирал некои од податоците за Mondeо! (фото+видео)

Ford-Mondeo-Estate-overweight-02

Специјалисти за истражувачко новинарство и откривање на измами од страна на автомобилските производител, од шведскиот магазин „Teknikens Värld“ објавија вознемирувачки податоци за неточните технички карактеристки на „Ford Mondeo“.

Доколку помисливте дека станува збор за потрошувачката на гориво, овој пат не сте во право, затоа што станува збор за многу сериозен проблем!

Според нивните мерења, со полн резервоар на гориво и возач со тежина од 70 килограми, „Mondeo“ е многу потежок од податокот кој го наведува „Ford“.

Ford-Mondeo-Estate-overweight-03

Поточно кажано, за новиот „Mondeo“, производителот пропишува маса на празно возило од 1.601 kg (полн резервоар гориво, возач со тежина од 75 килограми и полни резервоари со останатите течности во автомобилот). Меѓутоа шведските новинари „Mondeo“ со возач и полн резервоар го паркирале на вага и утврдиле дека отстапува од фабричките податоци.

Наместо 1.601 килограми, вагата покажала маса од 1.880 килограми. Кога моделот „Mondeo“ ќе се оптерети со патници и багаж, вкупната маса на возилото исто така ги надминува наведените вредности.

Шведските новинари имаат утврдено дека и со целосно оптеретување, рабовите од задните калници се тријат по тркалата.

Ford-Mondeo-Estate-overweight-01

Тестираниот модел е „Mondeo 2.0 TD 150“ караван во „Titanium“.

Сепак, ова не е шега! Ќе биде интересна „одбраната“ на „Ford“ кој со новиот „Mondeo“ немаат многу среќа! Прво европското доцнење на производството од две години, а сега и оваа афера…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП