2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпоред ССМ: Плаќањето придонеси за хонораците во корист на работниците

Според ССМ: Плаќањето придонеси за хонораците во корист на работниците

gradezni kompaniie

Измените на Законот за работни односи што се однесуваат на плаќањето придонеси за хонорарците се во корист на работниците, оценува Сојузот на синдикати на Македонија.

„Секој труд треба да се валоризира. Ова е добра работа заради тоа што не е фер толкав непријавен труд да постои во Македонија, a ќе се помогне и во намалувањето на сивата економија во делот на пријавениот и непријавениот труд“, истакна денеска на прес­конференција секретарот на ССМ и претседател на Синдикатот за текстил, кожа и чевли Анѓелко Анѓелковски.

Тој додаде дека како синдикат ги поддржуваат сите измени што се водат кон тоа на работниците да им биде регулиран работниот однос.

Најави дека доколку се појават одредени аномалии при имплементацијата на законските измени, како синдикат ќе интервенираат.

За Конфедерацијата на работодавачи, со оваа мерка ќе се сузбие сивата економија и непријавената работа.

„За нас оваа одредба од Законот е дополнување или продолжение на Законот за нерегистрирана дејност и директна насока кон сузбивање на сивата економија и непријавената работа. Од друга страна, очекуваме дека авторските договори за интелектуални услуги и какви било други услуги на некој начин ќе бидат вкалкулирани и вклучени во системот на социјалното осигурување, односно вклучување во поттикнувањето на буџетот на ФЗОМ и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“, изјави Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи.

Овој договор, смета Бошков, отвора можност веќе во следната фаза да се договараат за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и да се побара од Владата зголемување на лимитот за исплата на пензиите кон пензиските осигуреници.

„Со самото тоа дека се зголемува приходот во буџетот за пензиско и инвалидско осигурување имаме одговорност и желба тие што ќе плаќаат повисок износ да имаат можност на долг рок да имаат поголеми пензии“, рече Бошков.

Од 1 јануари идната година треба да почне примената на законските измени согласно кои договорите за дело и авторските договори ќе влезат во системот на задолжително осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП