На ридот во ексклузивното „Deer Crest“ окружување, ќе го најдете „Resort West Ski“ домот од соништата, кој е на продажба по цена од 21,9 милиони долари…
Овој ексклузивен имот, кој се простира на 1.400 метри квадратни простор е омиленото место на лицата кои имаат малку подлабоки џебови.
Оваа скијачка колиба започната е како проект за креирање на планинска резиденција која е олицетворение на секоја луксузна погодност која еден скијач ја бара и ја сака.
Изградена е во 2008 година, има 6 спални соби, 10 бањи, двоспратна дневна соба со големи прозорци, семејна соба, трпезарија, лифт, голема гурманска кујна со централен отвор и одвоен простор за доручек.
Доколку тоа не ви е доволно, тука се и теретаната, билијард собата, собата за масажа и фитнес, спа центарот со сауна и солената соба, двата вински подруми со простор за дегустација, како и домашното кино со 16 места за седење. Секако, има и загреан базен и големо џакузи, како и голема и пространа тераса.