26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтерлинг одби нов договор, дали си заминува од Ливерпул!?

Стерлинг одби нов договор, дали си заминува од Ливерпул!?

rahim sterling 234

Главоболката на Брендан Роџерс штотуку доби нови размери, Рахим Стерлинг одби да го продолжи договорот.

Младиот фудбалер кој минатата сезона ја доживеа својата целосна афирмација и во клупска и репрезентативна смисла, денеска е главна тема на „Островот“.

Рахим Стерлинг ја одби понудата да го продолжи договорот со својот клуб кој му понуди 70.000 фунти, наместо 30.000, колку што моментално заработува на неделна основа.

Како што јавуваат англиските медиуми, договорот меѓу двете страни не е ни близу до реализација, а се поставува и прашањето за желбата на Стерлинг да го продолжи својот претстој во клубот, кој оваа година не е ни бледа сенка од кандидатот за титулата од минатата сезона.

Eлиминацијата од Лигата на шампионите само ја влоши ситуацијата, Ливерпул ќе има големи проблеми да ја задржи својата ѕвезда, особено ако се има во предвид дека евроспкиот гигант Реал Мадрид веќе некое време ги следи настапите на 19-годишниот Англичанец.

Флорентино Перез го почитува Стерлинг, а уште во текот на летото се шпекулираше дека ќе се обиде да го доведе овој играч, сепак Ливерпул со статусот вицешампион покажа јасен став.

Но, Ливерупл овој пат стравува дека би можел да го загуби Стерлинг, на кој нема да му биде тешко да се адаптира на Мадрид, каде со голем успех игра Герет Бејл, кој би можел да биде адутот на Перез во потенцијалните преговори со младиот фудбалер на Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП