27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Не смееме да ја ставиме Русија на колена“

„Не смееме да ја ставиме Русија на колена“

1202564245547728ae15999272414520_640x427

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер предупреди на опасноста од заострувањето на економските санкции кон Русија.

Штајнмаер наведе дека не би требало целта да биде Русија економски да се „стави на колена“, пренесуваат германските медиуми.

„Дали нашата замисла и нашта цел би требало да биде Русија економски да се собори на подот? Мојот недвосмислен одговор е „Не“. Не, тоа не е и не смее да биде смислата на санкциите“, изјави Штајнмаер.

Тој предупреди дека една економски уништена Русија неможе да го даде својот придонес за европската безбедност.

„Ние мораме да бидеме свесни дека една уништена Русија, која економски можеби е пред колапс, не може да придонесе за европската сигурност ниту за стабилизацијата на Украина, туку таа може да биде голема опасност сама за себе, но и за другите“, појасни тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП