27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев позајми 8,6 милијарди долари

Киев позајми 8,6 милијарди долари

Ukrajina_BetaAP1

Украина доби странски кредити во вредност од 8,6 милијарди долари, изјави денес премиерот Арсениј Јаценјук по седницата на Владата.

„Нашиот кабинет продолжи со програмата за активности и соработка со Меѓународниот монетарен фонд, Европската банка за обнова и развој и останатите банки. Меѓународните инвеститори денес не се подготвени да дојдат во земјата, но меѓународните банки се подготвени да ни помогнат“, изјави тој.

Околу 9,1 милијарди долари издвоени се за отплата на државните долгови, а Владата и помогна и на државната гасна компанија „Нафтогас“ да ги отплати своите еврообврзници од 1,67 милијарди долари, изјави Јанценјук.

„Ние не би преживеале без меѓународна помош“, додаде украинскиот премиер.

Украинската економија трпи последици од актуелната криза. Рускиот претседателски советник за економија Сергеј Глазјев во октомври прогнозираше дека банкротирањето на Украина е неизбежно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП