26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе подготвува голема рокада на функционери во „Samsung“

Се подготвува голема рокада на функционери во „Samsung“

samsnung slika

Откако во изминатава година доживеаа голем пад во добивката, пазарниот удел, како и падот во цената на акциите, во „Samsung“ се подготвени и на драстични чекори за заживување на бизнисот.

Пред се, тоа се однесува на дивизијата на мобилни уреди, која најмногу е „заслужна“ за лошите продажни резултати. Ли Јае-Јонг, син на тешко болниот прв човек на компанијата Ли Кун-Хи, и најверојатно негов наследник, планира во наредните недели да направи голема реорганизација и и преуредување на луѓето на челните места внатре во „Samsung“.

Прв на листата е директорот на мобилната дивизија Шин Јонг-Кјун, кој се смета за одговорен за лошите резултати во изминатава година. Него треба да го замени Ли Дон-Џо, досегашниот претседател за стратешки маркетинг во компанијата.

Јон Бо-Кеун, директорот на одделението за уреди во домаќинството и телевизори, како и Квон Ох-Хјун, директорот на производни полупроводници, би требало да добијат поголемо овластување во новата реорганизација, бидејќи нивните оддели оставаруваат добри бизнис резултати.

Со овие чекори, се смета дека младиот директор Ли Јае-Јонг ќе ја зацрсти својата позиција на чело на компанијата, и ќе си го осигура местото за директен наследник на неговиот татко, кој и натаму се опоравува од срцевиот удар во мај годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП