26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотребни се 20 години вработеноста во Грција да се врати на нивото...

Потребни се 20 години вработеноста во Грција да се врати на нивото од пред кризата

grcka vlada

Грција може да излезе од шестгодишната рецесија, но за најмалку 20 години вработеноста ќе може да се врати на нивото од пред кризата, објави денеска Меѓународната организација на трудот.

Претседателот на Организацијата изјави дека серија препораки може да го забрзаат процесот за околу осум години.

Рејмон Торес, директор на Меѓународниот институт за социјални истражувања во МОТ наведе нови предлози од извештај претставен денеска во Атина. Во нив се итни мерки, меѓу кои и програма за вработување млади вредна една милијарда евра и подобрени услови за трговски кредити, како и структурни реформи.

Невработеноста во Грција во моментот е 26 отсто, а повеќето невработени немаат работа повеќе од една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП