26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНенадејно почина претседателот на Одборот на директори на Македонски Телеком , г-дин...

Ненадејно почина претседателот на Одборот на директори на Македонски Телеком , г-дин Оливер Костуранов

kostur

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со длабоко жалење известуваат дека на 23 ноември, 2014 година ненадејно почина претседателот на Одборот на директори, г-дин Оливер Костуранов.

Г-дин Костуранов ја вршеше функцијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком од мај 2010 година и беше максимално посветен на оваа позиција која ја извршуваше со голем ентузијазам.

Оливер Костуранов ќе го паметиме како голем човек кој ја заслужува нашата најдлабока почит и врвен професионалец кој даде огромен придонес во унапредувањето на компанијата и нејзините вработени, изјавија од компанијата.

Прераната смрт на г-динот Костуранов претставува голема загуба за Македонски Телеком и Т-Мобиле, како и Magyar Telekom и Deutsche Telekom групациите.

Искрено сочувство до неговото семејство.

oliver

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП