26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти наскоро ќе добие нов договор

Анчелоти наскоро ќе добие нов договор

anceloti perez

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти наскоро ќе потпише нов договор со клубот. Двете страни веќе постигнале договор за времетраењето на истиот, а тој ќе е минимум до 2017-та година.

Претстои да бидат допрецизирани исклучиво финансиските детали, но не се очекува околу нив да се појават несогласувања. Желбата на раководството на Реал е новиот договор на Анчелоти да биде објавен уште пред крајот на годината.

Во наредните денови претстои нова средба меѓу Италијанецот и претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез.

Анчелоти застана на чело на „кралевите“ во 2013-та година, откога го замени Жозе Мурињо. Уште во првата сезона на чело на тимот, тој успеа да ја освои толку посакуваната „Ла Децима“, десеттата титула на Реал во Лигата на шампионите, а освен тоа го освои и Купот на кралот, по победата во финалето над Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП