26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобрите модели на Aston Martin (фото)

Најдобрите модели на Aston Martin (фото)

am naslovna

Луксузната марка „Aston Martin“ е избор дури на Џејмс Бонд во многу филмови од серијалот. Погледнете ги десетте од можеби најдобрите модели произведени во текот на годините:

Aston Martin V8 Vantage (1977)

am 1

Произведени од 1977-ма до 1989-та година и е претставен како „прв суперавтомобил на Велика Британија“. Максималната брзина е 270 км/час, забрзува до 100/км час за 5.3 секунди.

Aston Martin DB9

am 2

Моделот е претставен во 2003-та година на саемот во Франкфурт. Има 6.0-литарски V12 мотор, максимална брзина од 295 км/час и забрзува до 100 км/час за 4.1 секунди.

Aston Martin DBS V12

am 3

Произведени меѓу 2007-ма и 2012-та година. Има максимална брзина од 307 км/час, забрзува до 100 км/час за 4.3 секунди. Се појавува во филмот за Џејмс Бонд – „Казино Ројал“ во 2006-та година.

Aston Martin Vanquish

am 4

Произведени од 2001-ва до 2007-ма година. Моделот е претставен на автомобилскиот саем во Женева во 2001-ва година. И овој автомобил е филмска ѕвезда – возен е од Џејмс Бонд во филмот „Die Another Day“.

Aston Martin DB7

am 5

Моделот има опција купе или кабриолет. Произведени од 1994-та до 2004-та година.

Aston Martin DBS

am 6

Воведен е во 2008-ма година и се произведува до 2012-та година. Има официјално деби на „Pebble Beach Concours d’Elegance“ во 2007-ма година. Тој е модерна верзија на серијата, лансиран во 1967-ма година.

Aston Martin V8 Vantage (2005)

am 7

Автомобилот се уште се произведува и денес. Има 4.3-литарски V8 мотор.

Aston Martin Lagonda

am 8

Произведени меѓу 1976-та и 1990-та година, а бил еден од најскапите автомобили во тоа време. За него мислењата се контрадикторни. За некои луѓе тоа е најгрдиот автомобил, произведен од компанијата.

Aston Martin Rapide

am 9

Произведени од 2010-та година до денес. Има максимална брзина од 303 км/час и забрзува до 100 км/час за 5.3 секунди.

Aston Martin DB5

am 10

Помеѓу 1963-та и 1965-та година се произведени вкупно 1.023 примероци од моделот. Тој исто така бил возен од Џејмс Бонд. Има максимална брзина од 230 км/час. Забрзува до 100 км/час за 8 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП