27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈирген Клоп ja отвори вратата за преговори со англиски клубови

Јирген Клоп ja отвори вратата за преговори со англиски клубови

klop 4609

Јирген Клоп изјави дека би бил отворен за понуди од англиски клубови и дека Англија е единственото место надвор од Германија, каде би работел.

Популарниот тренер на Борусија Дортмунд се смета за потенцијален кандидат за местото на Арсен Венгер во Арсенал, кога Французинот ќе се повлече од функцијата.

„Мислам дека ова е единствената земја каде што би работел освен Германија, бидејќи тоа е единствената земја чиј јазик малку го зборувам. А јазикот е важен за мојата работа“, рече Клоп.

„Ако некој ми се јави, ќе разговараме“, додаде тој.

Борусија, предводена од него, има проблеми да ја одржува формата од претходните сезони и е малку над зоната за испаѓање во Бундеслигата. Денес попладне тимот ќе се обиде да излезе од кризата при гостувањето на Падерборн.

Клоп освои две титули на Германија со Борусија, откако како играч стана легенда на Мајнц со вкупно 337 натпревари во првенството. Тој тврди дека не се радува во наследството што го остава, туку размислува за сегашноста.

„Кога започнав не сум размислувал за ова прашање. Бев 18 години во Мајнц и мислев дека е доволно. Го сакам клубот Мајнц, го сакам градот. Тоа е домот мој. Кога дојдов тука мислев дека можам да работам како нормален тренер две или три години, потоа во друг клуб и во друг град. Животот ме интересира, не е важно за мене да стојам долго време на едно место“, рече тој.

„Моите деца се доволно големи за да остануваат сами, па тоа не е проблем. Тука сум повеќе од шест години. Не знам кога ќе заврши, но не размислувам за тоа“, додаде Клоп.

„Немам идеја да оставам наследство. Ќе видиме колку долго ќе постигнуваме успеси и дали ќе се развиваме“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП