26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн ja исплати „Алијанц Арена“ 16 години порано oд предвиденото

Баерн ja исплати „Алијанц Арена“ 16 години порано oд предвиденото

arena alianz

Германскиот гигант Баерн Минхен го исплати целосно стадионот „Алијанц Арена“. Трошоците беа во износ од 346 милиони евра.

Поинтересно во случајот е дека клубот ќе може веќе да одвои повеќе средства за првиот тим и академијата. Отплатата на долгот се реализираше 16 години порано од планираното.

Информациите ги потврди лично претседателот на Надзорниот одбор на „баварците“, Карл-Хајнц Румениге пред саботниот дуел со Хофенхајм.

Првиот темел за новиот дом на Баерн, кој пред тоа како домаќин го користеше Олимпискиот стадион во Минхен, беше направен на 21-ви октомври 2002-ра година. На 30-ти мај 2005-та „Алијанц Арена“ ги отвори вратите.

Тогаш капацитетот беше 66.000, додека денес на натпреварите од домашното првенство на трибините се сместуваат 75.024 гледачи, додека во Европа максимумот на навивачите е 69.344.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП