26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан колективниот договор за енергетика

Потпишан колективниот договор за енергетика

organizacija rabotodavaci 2

Самостојниот синдикат за енергетика и Здружението на работодавачи од енергетиката при Организацијата на работодавачи на Македонија, денеска го потпишаа Колективниот договор за регулирање на правата и обврските на социјалните партнери во оваа област.

Целта на овој колективен договор е да се применат меѓународните работни стандарди, да се изедначат условите за работа на ниво на гранката и да се утврди одредена рамка на права кои треба да им се овозможат на вработените, со што ќе се одржува лојалната конкуренција меѓу работодавачите.

„Цврсто стоиме на констатацијата дека вистинскиот социјален дијалог нема алтернатива и само преку негов континуитет, сите отворени прашања можат квалитетно и долгорочно да се решаваат“, изјави Вернер Хенгст претседател на Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија.

Претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката Роберт Симоноски истакна дека со овој чин се верификувани и заштитетени економските и социјалните права на работниците во енергетиката.

Според него, ова е потврда за воспоставување одговорно социјално партнерство со имплементирање европски стандарди за заштита при работа.

Работодавачите и гранковиот синдикат заеднички оценуваат дека со овој чин социјалните партнери недвосмислено покажале дека имаат меѓусебно разбирање и интерес да ги почитуваат и спроведуваат меѓусебните права и обврски, посебно во поглед на условите за работа, платите, надоместоците и заштитата на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП