26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Успехот повеќе не е тајна“

„Успехот повеќе не е тајна“

8-things-successful-people-perform-differently-from-others

Многу познати, влијателни луѓе говореа, а говорат и денес, за успехот, животот, среќата, славата и богатството. За тоа на кој начин стигнале до врвот во својот бизнис или креативноста и што ги задржало таму, но и каков став имаат за општеството и времето во кое живееле, односно во кое живеат.

Во својата книга „Успехот повеќе не е тајна“, Владимир Медиќ претставува 2500 мудри и корисни мисли на најуспешните луѓе во светот. Изреките опфаќаат дури 55 области, напишани се концизно и јасно, а некои од славните имиња кои Медиќ ги споменува се Бил Гејтс, Ворен Бафет, Стив Џобс, Наполеон Хил, Брајан Трејси, Роберт Киосаки.

Ова се десетте највпечатливи мисли кои можат да ве водат низ животот…

1. Бизнисот и животот се како банкарска сметка, не можете да земете повеќе од тоа што сте вложиле – William Feather, новинар, автор и издавач.

2. Иднина немаат оние кои знаат, туку оние кои сакаат да учат – Piter Draker, консултант за менаџмент, професор и автор.

3. Разликата помеѓу она што сте денес и она што ќе бидете за пет години зависи од квалитетот на книгите кои ќе ги прочитате – Jim Rohn, претприемач, автор и мотивациски говорник.

4. Успехот е прогресивна реализација на вредни идеали – Earl Nightingale, автор и мотивациски говорник.

5. Секој резултат и секое земјино богатство започнува со замислување или со сон – Napoleon Hill, автор на првите модерни книги за мотивација и личен развој.

6. Соништата заменете ги со дела, а мечтаењето со достигнувања – Grenville Kleiser, автор на книги за јавен говор, самодоверба, ментална моќ, инспирација, развивање конверзација и други слични теми.

7. Времето е монета на вашиот живот. Тоа е единствена монета која ја имате и вие треба да одлучите како ќе ја потрошите. Внимавајте другите да не ја потрошат наместо вас – Carl Sandbrug, автор на поезија и уредник.

8. Кога парите пеат, идеологијата молчи – Lee Iacocca, бизнисмен.

9. Кога ќе ја вложите вашата енергија во она со што се занимавате и тоа стане исклучително, не постои органичување на висината на износот кој можете да го наплатите – Stuart Wilde, автор, професор, есеист, хуморист, поет и музички продуцент.

10. Силните емоции ја намалуваат финансиската интелигенција – Robert Kiyosaki, инвеститор, бизнисмен и мотивациски говорник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП