26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуската компанија EADS ги зголеми приходите

Француската компанија EADS ги зголеми приходите

eads

Европскиот авионски гигант EADS (European Aeronautic Defence and Space Company) оствари силен раст на приходите и профитот минатата година, благодарение на рекордната продажба на неговата филијала „Airbus“ и стабилното работење во секторот за одбрана, соопшти компанијата.

Нето профитот на EADS пораснал за 19 отсто во однос на 2011 на 1,22 милијарди евра. Профитот од работењето, пред одбивањето на каматите и даноците, пораснал од 1,8 милијарди евра во 2011 на 3 милијарди евра. Приходите истовремено се зголемиле за 15 отсто на 56,48 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП