26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПогледнете како изгледа компјутерот на идината (видео)

Погледнете како изгледа компјутерот на идината (видео)

HT_best_sprout

„Hewlett-Packard“ го претстави „компјутерот на иднината“ кој воопшто нема глувче и тастатура, туку со него во целост се управува преку екранот кој е чувствителен на допир. Но тука е и дополнителна површина (екран) исто така чувствителна на допир која се користи и како виртуелна тастатура.

Моделот „Sprout“, покрај интересниот начин на упраување, спечифичен е и по тоа што доаѓа со проектор (кој се наоѓа над екранот), составен од четири камери и скенер кој може да скенира „2D“, но и „3D“ објекти.

По скенирањето на „3D“ објектите, корисниците со тие објекти можат да манипулираат, да ги поместуваат на екранот и на површината, како и да ги користат во апликации. Исто така, по пат на дополнителниот „stylus“ (пекнало за пишување по екрани чувствителни на допир), можно е да се цртаат објекти на дополнителната површина чувствителна на допир и тогаш може да се поместуваат на екранот и да се користат во апликации.

Што се однесува до самиот компјутер, овој „all-in-one“ модел (нема класично куќиште, туку компонентите се наоѓаат во самиот монитор) работи на процесорот на „Intel“ – „Core i7“, има 1TB простор за складирање на податоци и доаѓа со последната верзија на „Windows“.

Во медиумите се вели дека овој компјутер е наменет првенствено за креативните лица (на пример, идеално за обработка на фотографии), а овозможува и нов начин во управувањето на видео игрите. „HP Sprout“ во продажба ќе се појави на 9-ти ноември во САД, а неговата цена ќе изнесува 1.900 долари.

Погледнете кои се можностите на овој компјутер:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП