26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ20 години од првата генерација на Audi A4 (фото)

20 години од првата генерација на Audi A4 (фото)

a 4 20 godini

„Audi“ одбележува две децении од претставувањето на првата генерација на „А4“ во празнична атмосфера. За тоа имаат и добра причина со оглед дека „А4“ со 6 милиони продадени примероци е најуспешниот модел на „Audi“ на сите времиња.

За германскиот производител во овој момент може да е уште поважно, што од тие шест милиони примероци на „Audi A4“, една третина (2 милиони возила) се испорачани во време на актуелната, четврта генерација.

a 4 20 godini1

За таквиот резултат компанијата пред се треба да биде благодарна на купувачите во Кина, САД и Германија, каде интересот за „Audi A4“ е најголем.

„Кога во 1994-та година го замени „Audi 80“, „A4“ многу бргу стана наш најпродаван модел. Тоа беше возило со најбрз раст во продажбата во историјата на компанијата“, објаснува членот на управниот одбор на „Audi“, Хуберт Валтл.

a 4 20 godini2

Актуелната, четврта генерација е претставена во 2007-ма, а редизајнирана е во 2012-та. По седум години, „Audi“ е при крај со работата на новиот модел кој ќе се појави во 2015-та.

Во фабриката на компанијата во Инглоштад ги вршат неопходните подобрувања и подготовки за почетокот на производството на петата генерација, а од „Audi“ велат дека за потребите на производството на новиот модел исталирани се повеќе од 1.300 нови машини и алати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП