26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајтенок, најлесен, водоотпорен – Sony Xperia Z

Најтенок, најлесен, водоотпорен – Sony Xperia Z

sonyxperia1

„Sony“ освен новата серија на телефони, на семот за мобилни телефони во Барселона го претстави и својот нов таблет.

„Xperia Z“ има екран со дијагонала од 10,1 инчи и дебелина од 6,9 милиметри, што воедно го прави и најтенкиот таблет во светот.

Таблетот е полесен од 500 грама и затоа спаѓа и во категоријата на најлесни таблети. Тој, исто така е и отпорен на вода, а неговиот дизајн е сличен на мобилниот телефон.

„Bravia“ екранот работи на резолуција 1920 х 1200 пиксели и оперативен систем Андроид 4,1 Jelly Bean.

Тој поседува 2GB RAM меморија, а ќе биде достапен во верзија од 15 и 32 GB меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП