26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen C4 Cactus - полн погодок

Citroen C4 Cactus – полн погодок

c 4 cactus

Најверојатно на „Citroen“ му се исплатеше ризикот со необичното дизајнерско решение за својот нов модел. Поради големиот почетен интерес од страна на купувачите, дневното производство на „Citroen C4 Cactus“ ќе биде зголемено за 20 проценти.

Кога беше претставен на авто-саемот во Женева во март, контроверзниот кросовер „C4 Cactus“ предизвика поделено мислење во јавноста, но ретко кој остана рамнодушен.

c 4 cactus1

При неговото конструирање, инженерите биле фокусирани на дизајнот, комфорот, корисната технологија и ниските трошоци за набавка и експлоатацијата на возилото. Автомобилот е поставен на платформата која ја користат „C3“ и „Peugeot 208“ и има маса од само 965 kg, што значи дека од стандардниот „Citroen C4“ е полесен за околу 200 kg.

Дизајнот е посебна приказна. „Citroen“ го опреми „C4 Cactus“ со т.н. „надворешни воздушни перничиња“, кои треба да спречат оштетувања на каросеријата, како гребаници или мали удари кои често се случуваат при возењето во град и на паркинзите.

Најизложените делови вратите, аголните елементи на крилата и централниот сегмент на вратата на багажникот се обложени со овој специјален материјал кој апсорбира послаби удари.

c 4 cactus2

Покрај тоа, седиштата и ентериерот се дизајнира така да потсетуваат на модерен мебел, а предните седишта се соединети меѓусебе.

Рачната сопирачка е поместена напред, наместо класината рачна, а автоматскиот менувач се управува со помош на копчиња.

Почетниот интерес на купувачите ги надмина очекувањата, па така фабриката на „Citroen“ во близина на Мадрид ќе го зголеми дневното производство на моделот „C4 Cactus“ зa 20%, во моментот кога овој модел пристигнува на главните европски пазари.

c 4 cactus3

Шпанските медиуми јавуваат дека поради тоа фабриката во ноември ќе ги работи сите 4 саботи.

Се смета дека една од причините за големиот интерес на купувачи е цената на овој модел која во Франција изнесува 13.950 eвра. Аналитичарите проценуваат дека „Citroen“ годишно ќе продава помеѓу 50 и 100 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП