26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВВ „Тиквеш“ со наградата за квалитетот и иновациите во туризмот

ВВ „Тиквеш“ со наградата за квалитетот и иновациите во туризмот

kol

Винарската визба „Тиквеш“ е добитник на годинешната награда „За нов квалитет во туризмот 2014“. Наградата, која за првпат е востановена во 1997-ма година од страна на влијателното списание за туризам во регионот – „Туристичка призма“ од Нови Сад, им се доделува на компании кои забележале исклучителни постигнувања во подигнување на нивото на услуги и стимулација на иновативни проекти во областа на туризмот во секоја од земјите од регионот.Наградатаја доделува стручно жири составено од уредници и новинари од водечките специјализирани магазини, интернет портали и ТВ емисии за туризам во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија.

„Добивањето на оваа престижна регионална награда од областа на туризмот е исклучително значајна за ВВ „Тиквеш“, бидејќи ги вреднува нашите напори и вложувања во развојот на винската култура и винскиот туризам, придонесувајќи на тој начин за промоција не само на брендот, но и на Македонија како винска земја и возбудлива туристичка дестинација“, изјави  Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“. 

„Тиквеш“ редовно ја претставува Македонија како ено-гастро дестинација на регионалните саеми и настани каде љубителите на добрата храна и врвното вино можат да го запознаат македонското поднебје.Во рамки на туристичката понуда на ВВ „Тиквеш“ развиени се неколку видови вински тури во кои членовите на тимот енолози во винарницата ги запознаваат гостите со приказната за винарницата, богатата традицијата, спецификите и начинот на производство на вино при што посетителите имаат можност да ги дегустираат вината на „Тиквеш“ или да ги пробаат во комбинација со различни гастрономски специјалитети. Во рамки на винскиот подрум, во автентичен амбиент, лоциран е и винскиот ресторан, каде вината на „Тиквеш“ се послужуваат во комбинација со македонски и меѓународни специјалитети. Дополнително, ВВ „Тиквеш“ нуди можност посетата на винарницата да се искомбинира и со посета на лозјата во локалитетот „Барово“ во близина на Кавадарци, отворајќи уште еден аспект за запознавање на регионот и на квалитетите на врвното македонското вино.

Во рамки на создавањето предуслови за промоција на туристичките потенцијали на земјата, се вбројува и организацијата на сомелиерска академија на „Тиквеш“, преку која во последните 4 години се обучени преку 800 лица. Обуките се наменети за вработени во угостителски објекти, со цел да се подобри услугата во угостителските објекти и капацитетите за послужување и промоција на македонските вина кај посетителите, вклучувајќи ги и туристите од странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП