26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМермерен Комбинат се приклучи кон одбележувањето на Европската недела за безбедност...

Мермерен Комбинат се приклучи кон одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа 2014

drt

Мермерен Комбинат АД Прилеп, како добитник на наградата за најдобра пракса на безбедност и здравје при работа во категоријата големи компании и компанија која несебично вложува во обезбедување на највисоки безбедносни стандарди при работа, се приклучи кон одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа 2014.

На настанот, кој на завршниот ден од одбележувањето на Европската недела за БЗР во Прилеп го организираше Мермерен Комбинат, беше покриена овогодинешната тема ”Здрави работни места – Уравување со стресот”.

“Во Мермерен Комбинат, во согласност со добрата пракса по БЗР, го третираме и стресот како современа закана по безбедноста и здравјето при работа и во насока на негово намалување како едно практично решение ја поттикнуваме отворена комуникација на сите нивоа.” – истакна Јасна Ажиевска Петрушева – Административен извршен директор на Мермерен Комбинат.

“Според истражувањата, стресот на работното место завзема водечко место на скалата на главните причини за отсуство од работа, за пад на мотивацијата и продуктивноста на работниците.”- истакна Коле Илијевски – менаџер по безбедност и здравје при работа во Мермерен Комбинат, наведувајќи ги условите за работа, обемот на работа и меѓучовечките односи како некои од причините кои можат да доведат до стрес на работното место.

На настанок кој беше организиран во соработка со Македонското здружение за заштита при работа како Focal Point на EU ОSHА за Македонија беше присутен и Г-динот Милан Петковски, претседател на ММЗПР, кој имаше свое обраќање на темата “Управување со стресот”.

Мермерен Комбинат АД Прилеп, е глобален лидер во екстракција и преработка на снежно белиот мермер Сивец® . Формиран е во 1946 година и оттогаш дејност му е  експлоатација и преработка наСивец® кој е регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер кој се вади од каменоломите на компанијата, во близина на Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП