26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАрцелормиттал Скопје се вклучува во одбележувањето на европската недела за безбедност и...

Арцелормиттал Скопје се вклучува во одбележувањето на европската недела за безбедност и здравје при работа

a

Европската недела за безбедност и здравје при работа, која во Македонија се одбележува од Македонското здружение за заштита при работа, официјално ќе заврши денес. Европската недела за безбедност и здравје при работа е настан на Европската агенција за безбедност и здравје при работа, а во Македонија веќе се случија 4 настани во рамките на неделата.

Во одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа се вклучува и компанијата АрцелорМиттал Скопје, која ќе организира настан на кој претставници на компанијата ќе презентираат добри пракси на безбедност и здравје при работа и управување со стресот на работното место.

Стресот на работното место е всушност темата на Европската недела на безбедност и здравје при работа.  Така, претставници на Македонското здружение за заштита при работа ќе зборуваат за влијанието на стресот при работата и важноста на овој работен проблем.

Компанијата АрцелорМиттал Скопје е позната како компанија која се грижи за безбедноста и здравјето при работа. Оваа година тие го одбележаа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април со голем настан во својата компанија. Тие, исто така се добитници на наградата за добра пракса на безбедност и здравје при работа во 2012 година, награда која ја доделува Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со социјалните партнери.

„Да се биде дел од АрцелорМиттал Скопје значи нашиот врвен приоритет во работата и во животот да бидат здравјето и безбедноста. Затоа нашиот предизвик е да бидеме најбезбедната компанија од челичната индустрија во светот. Токму поради тоа, секој од нас има право, но истовремено и одговорност, на добро здравје и на безбедност“, – изјави Јуан Педро Хименез Наваро, извршниот директор на АрцелорМиттал Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП