26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтересна одлука од УЕФА за средбата Србија-Албанија

Интересна одлука од УЕФА за средбата Србија-Албанија

ser-alb333

Европската фудбалска федерација (UEFA) пресуди службена победа со 3:0 за Србија над Албанија во скандалозниот квалификациски натпревар од Групата „I“, која беше на програмата на 14-ти октомври и беше прекинат во 43-тата минута при резултат 0:0.

Покрај тоа, сепак, од контото на нашиот северен сосед се одземени три бода.

Како што е познато, во текот на средбата на теренот на стадионот на Партизан се појави дрон, на кој беше прикачено знаме со картата на „Голема Албанија“. Тоа предизвика навалица меѓу фудбалерите на двата тима и немири на трибините.

Играчите на Албанија пак одбија да излезат на теренот, кога главниот судија Мартин Еткинсон одлучи дека може да продолжи средбата.

Освен споменатото чудно решение кое комбинира истовремено службена победа и одземање на три поени од контото на Србија, двете федерации се казнети со по 100.000 евра, а по знак прашалник се и следните два натпревари како домаќини – против Данска и Ерменија, дали да се одиграат пред празни трибини.

Србија и Албанија може да поднесат жалби на одлуките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП