26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако функционира Apple Pay во реалниот свет? (видео)

Како функционира Apple Pay во реалниот свет? (видео)

pay apple

„Apple“ го претстави „iOS 8.1“, a тој пристигна со можност за употреба на функцијата „Apple Pay“ на „iPhone 6“ или „6 Plus“ телефоните.

Интернет страната „Techcrunch“ одлучи да ги тестра можностите на безконтактното плаќање кај продавачите кои веќе го користат ова мобилно плаќање на „Apple“ кое е базирано на „NFC“: „Walgreens“ и „McDonald’s“.

Подготовката на „iPhone 6 Plus“ телефонот за „Apple Pay“ трае една минута. Се отвора апликацијата „Passbook“, се притиска „Add“, се одбира кредитна/дебитна картичка во менито, а се во форма на внесување на бројот на вашите кредитни картички, датумот на истекување и безбедносниот код.

Исто така тука е опцијата да се скенираат деталите од вашите картички со помош на камерата, што трае само една секунда. По ова прилагодување, Вие неморате повеќе да го отворате „Passbook“ за да го користите „Apple Pay“.

Во „Walgreens“ се функционирало многу лесно. Потребно е само да држите со прстот на „Touch ID“ и да притиснете на одредениот дел на платниот терминал. Тоа трае една секунда, а истата постапка е забележана и во компанијата „McDonald’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП