26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт ќе трча во Париз, но за 300.000 долари

Болт ќе трча во Париз, но за 300.000 долари

bolt

Организаторите на митингот од Дијамантската лига во главниот град на Франција, подготвија „вреќа пари“ за дa го донесат најбрзиот човек на планетата.

Усеин Болт ќе настапува на трката на 200 метри на митингот во Париз кој ќе се оддржи во јули.

Тие велат дека за доаѓањето на олимпискиот шампион во Париз, морале да издвојат дури 300.000 долари, но знаат дека тоа ќе биде полн погодок.

„Знаеме дека со Болт лесно ќе го наполниме стадионот на кој ќе се оддржи митингот“, вели директорот Лоран Бокиле.

Тој наведува дека тоа е стандардна такса за тркачи од калибарот на Болт, истакнувајќи дека најбрзиот човек на планетата пред Олимписките игри во Лондон, беше достапен за 250.000 долари по митинг.

Дваесетишестгодишниот Јамајканец минатото лето го повтори подвигот од игрите во Пекинг и со освојувањето на златните медали на 100, 200 метри и штафетата 4х100 ја потврди репутацијата како најголем спринтер на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП