26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија

Интервју со Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија

valentina-naslov

Денар: Г-ѓа Дисоска, Вие сте претседател на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија. Kоја е основната цел на вашето здружение?

Економско јакнење на жената преку развој на женското претприемништво е основната цел на нашето здружение, додека нашите мисија и визија се однесуваат на Работата како специфичен и компетентен партнер во дијалогот на државниот, невладиниот и приватниот сектор, што придонесува за социјален и економски развој, со посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економскиот раст.

Денар: На какви проекти работи Здружението на бизнис жени од Мaкедонија?

Ние покрај нашите секојдневни активности кои ни се поврзани со нашата визија и мисија, а кои не се дел од проектната ангажираност, а тоа е улога во организирање на дијалог и соработка на деловните жени, со цел да се обезбеди поддршка и промоција на жените претприемачи во Македонија, работиме и на два регионални проекти  како партнерска организација. Едниот проект е од Грудвиг програмата,  проектот на ЕУ предводен од SEGE – Грција, “Balkan Women Coalition for Professional Qualification and Training in the field of Business and Economic Science”.

Преку овој проект работевме на изработка на едукативни материјали за жени претприемачки, материјалите се достапни за секого на страницата на балканската коалиција на бизнис жени www.balkancoalition.com.

И вториот за кој сме ние имплементатори во Република Македонија, тоа е проект SEECEL, GTF & RCC -“WOMEN ENTREPRENEURSHIP – A job creation engine in Southeastern Europe”, преку овој проект работиме на базично испитување и поставување на женското претприемништво, од истражување на таа тема, па се до креирање политики и поврзување на активните чинители да работиме на иста тема.

Valentina Disoska_15

Денар: Неодамна бевте единствениот претставник од Македонија од регионот на Светскиот конгрес за женско претприемништво во Тајван, што поточно се случуваше таму?

Тоа беше 62 конгрес на FCEM, Femmes Chefs d’Entreprises Mondiales (Светска организација на жени претприемачки), организација које е основана далечната 1945 година во Франција. Оваа година во Дубровник, на состанокот на Комитетот на FCEM добивме покана да се приклучиме и да станеме дел од оваа светска организација. Ова е прв настан на кој ние одиме како членка на FCEM, сеуште сме членка – обсерватор, значи сега ја гледаме работата на здружението, што и како се одвива и дали нам ни одговараат нивните активности. Можам да кажам дека од цел Балкан ние сме единствената држава која што е земја обсерватор, другите го немаат тој статус, освен Хрватска која што веќе е полноправна членка во здружението.

Учествував на конгресот на кој што се споделуваа достигнувањата и активностите на организациите на секоја посебно, и се даваше акцент на понатамошната соработка и можностите за поврзување.

Средбата беше организирана од нашиот домаќин на организацијата, Асоцијацијата на Тајванските жени претприемачки (TWEA) и темата на овој светски конгрес беше “Тајван, Портал на Азија”, што укажува на Тајван географска предност и блиски културни и економски врски со соседните земји и области како што се Кина, Јапонија, Индонезија, Хонг Конг, Сингапур и Малезија, рече FCEM.

Денар: На настанот имавте и свое обраќање, која е пораката која ја пренесовте пред учесниците?

Мојата порака беше дека Блаканот, а влкучително и Македонија имаат отворени врати за соработка, каде што акцент дадов на развојот на политиките во однос на женското претприемништво и можностите за раст и развој на економијата во Македонија и регионот, преку зајакнување на Женското претприемништво.

Valentina Disoska_14

Денар: Што значи за Вас, за здружението, но и за Македонија вашето учество на овој светски настан?

Учеството значи многу, значи пред се признавање на нашата досегашна работа и нашите досегашни залагања, значи дека сме добредојдени во светот на развојот на женските бизниси на светско ниво, значи можност за понатамошна соработка.

Денар: Дали имавте можност да остварите средби со претставници од другите земји?

Секако, вмрежувањето е една од основните поенти на средбите од ваков карактер, не се ставаат во агенда како настани туку тоа едноставно се случува за време на обедите и кафе паузите. Таму сите се заинтересирани за тоа што прават другите, кои се можностите за натамошна соработка надвор од официјалниот дел на организацијата, дури се прават и разговори за соработка на државно ниво, можности за инвестирање и сл.

Valentina Disoska_7

Денар: Кои се следните активности на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија?

Ние продолжуваме со нашите секојдневни активности, за проширување на членството во здружението, поттикнување и основање на исти или слични организации во другите градови кои ке ни бидат наши ограноци. Исто така сме насочени кон внесување на Женското претприемништво во агендата на УН 2015 – 2020, како и разговори со министерството за можна изработка на стратегија за Женското претприемништво.

Денар: Како гледаат на македонските учеснци на ваквите светски настани? Како сте вообичаено примени?

Приемот на овие настани е со широко отворено срце и душа, таму одиме за добробит на сите, не се случуваат препреки или недоразбирања, секогаш е тоа со добра мисла.

naslovna-valentina

Денар: Дали имавте прилика да остварите средба со претставници од владата на Тајван?

Да, организацијата беше на многу високо ниво, се сретнав јас лично со Министерката за надворешни работи на Тајван како и со Претседателот на Тајван. Нормално тоа беа кратки средби, за да имаат можност сите да се сретнат, но успеавме да размениме зборови за добра воља за понатамошна соработка.

Денар: За крај, според Вас каква е положбата на жената во бизнис заедницата во Македонија?

Процентуално, жената како носител на правен субјект – фирма е застапена со отприлика 30% од вкупниот број на компании, но за жал нашите компании во сопственост на жени спаѓаат во доменот на микро и мали претпријатија, каде што обртот на средства е многу мал, па така и заработката. Повеќето се отворени заради потребата од преживување а не од желбата за да се биде претприемач, и тука недостасува делот на доедукација за водење на бизнисите и нивниот напредок.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП