Шахот е елегантна и префинета игра – а со претставувањето на овој нов сет, „Ferrari“ му додаде и доза луксуз на ова искуство…
Многу производители на автомобили продаваат бројни предмети кои не се директно поврзани за нивната главна активност, често во партнерство со други луксузни брендови, а тие предмети најчесто се накит или аксесоари. Легендарниот италијански производител на автомобили, кој е познат како премногу исклучителен кога станува збор за клинетите, одбра поинаков пат и креираше специјална шаховска табла за сите оние кои ја сакаат и почитуваат оваа префинета игра.
„Ferrari“ шаховскиот сет е целосно рачно направен во Италија од јаглеродни влакна прекриени со дрво. Фигурите се направени од црно и црвено висококвалитетно дрво, а нормално, уметниците кои го изработија ова дело беа водени од препознатливото лого на „Ferrari“.
Цената на овој „Феррари“ шаховски сет изнесува 2.000 доларии…