Во потрага сте по величенствена вила која би била ваше парче рај на земјата? Ја имаме вистинската вила за вас…
Оваа величенствена вила од речиси 1.000 метри квадратни, која се наоѓа на рајските Хаваи, ви нуди совршен поглед на океанот, на „Diamond Head“ и спектакуларни погледи на изгревањето и на заоѓањето на сонцето. Дизајнирана од страна на наградуваниот архитект Џеф Лонг, оваа вила е дизајнирана за фантастични панорамски погледи.
Покрај величенствениот екстериер, нејзиниот ентериер се состои од пет спални соби и седум бањи, соба за вежбање, сауна, терен за рекетбол, медиа соба и уште многу други работи. Надвор ве очекува приватна и скриена плажа со голем број платформи за сончање.
Цената на овој рајски имот е 18 милиони долари.