26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеман: Чешката Народна банка со девалвацијата на круната го спречува преминот кон...

Земан: Чешката Народна банка со девалвацијата на круната го спречува преминот кон еврото

milos-zeman54646

Според чешкиот претседател Милош Земан, причината за девалвацијата на чешката круна која беше направена минатата година е одложување на влезот на земјата во еврозоната, јави дописникот на МИА од Прага.

„Не можам да ја исклучам можноста дека чекорите кои ги презема Чешката Народна банка (ЧНБ) со девалвацијата на чешката валута можат да бидат мотивирани од напорите да се одложи влегувањето на Чешка во еврозоната“, изјави Земан.

Земан додаде дека со влезот во еврозоната, ЧНБ би изгубила дел од своите компетенции на сметка на европската централна банка.

Тој смета дека и покрај тоа што со интервенцијата им се помогна на извозниците и се избегнува дефлација, всушност вистинската намера на Централната банка е да се заштити себеси.

Претставниците на ЧНБ одбија да го коментираат тоа, а со нивните претходни изјави ја бранеа својата одлука тврдејќи дека иако на многумина одлуката за девалвација нема да им се допадне, сепак тоа ќе биде од голема помош за вкупната чешка економија.

Девизната интервенција на курсот, каде едно евро чини повеќе од 27 круни планираат да ја одржат најмалку до половината на 2015 година.

Чешка не се брза да влезе во еврозоната. Иако премиерот Бохуслав Соботка, изјави дека Владата ја подготвува на тој чекор, според министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек тоа ќе се случи за околу шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП