BMW ја претстави специјалната блиндирана верзија на моделот X5, која е конструирана така што може да ги заштити патниците и од куршумите на најпопуларната и најраспространетата автоматска пушка во светот АК-47 (Калашников).
BMW продолжува да ја развива сопствената програма на блиндирани возила за посебни потреби. Моделот X5 Security Plus се базира на третата генерација на овој SUV и го задоволува балистичкото ниво на заштита VR6.
При модификацијата на BMW X5, германскиот производител користел искуства стекнати во текот на повеќе од три децении колку што компанијта се занимава со производството на блиндирани верзии од нивните модели.
Освен блиндираните надворешни панели на возилото, X5 Security Plus има и засилување на т.н слаби точки: зглобовите, рабовите, како и специјално заштитно стакло.
Во кризни ситуации, на возачите добро ќе им дојде моќниот V8 TwinPower турбо мотор со 450КС и интелигентниот xDrive погон на сите тркала, со цел заштитеното лице побрзо да се пренесе на безбедната локација.
BMW X5 Security Plus ќе има премиера на Саемот за автомобили кој на крајот на август се одржува во Москва.