26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија губи на интензитет, Британија зајакнува

Германија губи на интензитет, Британија зајакнува

OECDf45tfg56ty56y67u

Водечките светски економии бележат тренд на стабилен раст, со Велика Британија која oстварува силни резултати, додека Јапонија и Германија постепено губат на интензитет.

Тоа го соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Цела еврозона, вклучувајќи ја и Франција, е на пат кон стабилен раст, а и водечкиот економски показател за САД и Канада и понатака укажува на тренд на стабилен раст, покажуваат податоците на ОЕЦД, пренесува агенцијата Франс прес.

„Ист е случајот и со Британија, која е членка на Европската унија, но не и на еврозоната, и во која интензитетот на раст останува над вообичаениот тренд“, потенцираат од ОЕЦД.

Оваа организација, исто така соопшти дека се присутни знаци на забавување на економскиот раст на Јапонија, кои се, како што наведува ОЕЦД, веројатно последица од еднократни фактори. Од друга страна, податоците за Германија покажуваат дека таа губи на интензитет кога станува збор за нејзината економија, додека во Италија сеуште е присутен позитивен раст.

Индексот на ОЕЦД за големите земји во развој, кои не се помеѓу 34-те членки на оваа организација, покажа дека растот во Кина и Русија и понатака бележи вообичаен тренд, додека во Бразил тој е под очекуваното ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП