27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина пред нов банкрот!

Аргентина пред нов банкрот!

President Obama Hosts World Leaders At Nuclear Security Summit

По колапсот на њујоршките преговори со инвестициските фондови, третата по сила јужноамериканска економија веќе утре може да претрпи нов слом.

Аргентина веќе со години не успева да постигне договор со фондовите кои во 2002-ра и присвоија поволни државни обврзници, а тогаш, наместо реструктуирање на долговите, побараа целосна исплата. Во прашање се големи милијарда и 330 милиони долари плус камати, кои би можеле Аргентина да ја фрлат на колена.

По изгубените бројни судски процеси во судовите во САД, на Аргентина и се доближи рокот да постапи според пресудата на американскиот судија Томас Грејс од 2012-та година, според која на фондовите треба да им се исплатат 1.33 милијарди долари плус камати.

Во вторникот, претставниците на Аргентина и инвестициските фондови во Њујорк за прв пат разговараа очи во очи. Сепак, напредок во преговорите не е постигнат.

Засега не е сигурно дали двете страни ќе ги продолжат преговорите и денеска, ако до договор не дојде, веќе утре Аргентина може да банкротира по втор пат во 12 години.

Ако не се постигне договор во преговорите, американскиот суд ќе ја спречи Аргентина во исплата на обврзниците на кои наплатата завршува на 30-ти јули, што ќе предизвика нов банкрот на оваа земја.

На Аргентина и преостануваат многу малку опции. Може да ги исплати фондовите, да ги прекине преговорите или да го убеди судијата Грејс да го одложи или повлече рокот, што тоа тој веќе еднаш го одби.

За разлика од должничката криза од 2002-ра година, кога Аргентина беше без пари и неможеше да ги плати ни државните службеници, денеска е солвентна. Но, американскиот суд би можел да ја спречи да ги исполни своите обврски во рамките на обврзниците, се додека трае битката со фондовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП