4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлаус: ЧЕЗ е искористена како инструмент за политичка борба во Бугарија

Клаус: ЧЕЗ е искористена како инструмент за политичка борба во Бугарија

Czech President Vaclav Klaus visit in Sofia, Bulgaria

Чешкиот претседател Вацлав Клаус смета дека заканата за одземање на лиценцата за работи на чешката енергетска компанија ЧЕЗ во Бугарија, е резултат на политичка борба, јави дописникот на МИА од Прага.

– ЧЕЗ е искористена како инструмент за политичко ривалство, а не како причина, изјави Клаус.

Според него, слични работи се случуваат секогаш кога се подготвува некој исклучителен политички настан, како на пример избори.

Клаус упати критики кон чешката Влада и дипломатијата заради, според него, „млаката“ реакција.

– Таквиот тивок и неопределен пристап на нашето Министерство за надворешни работи ми се чини двојно неприфатлив, смета шефот на чешката држава.

Клаус посакува чешкото политичко раководство да реагира решително, како што претпоставува дека би реагирале други земји-членки на ЕУ доколку Чешка би го направила истото.

Раководството на ЧЕЗ соопшти дека досега од бугарска страна нема добиено никакви официјални документи и затоа не може да преземе конкретни чекори, нагласувајќи дека планира да поднесе жалба до судовите во Бугарија.

– Паралелно, размислуваме за жалба до европските органи, но веруваме дека до тоа нема да дојде, изјави Томаш Плескач, директор на Одделението за дистрибуција во странство.

Компанијата смета дека проблемот е исполитизиран поради претстојните парламентарни избори во Бугарија.

Во врска со високите сметки за струја на кои се жалат бугарските граѓани, ЧЕЗ дава прозаично објаснување. Граѓаните повеќе се грееле поради екстремно студеното време во декември, наспроти ноември кога било потопло. Исто така, споредено со претходната година, во декември 2012 било постудено.

Негирајќи дека, електричната енергија во Бугарија е драстично зголемена, Плескач објаснува дека цената на струјата не е покачена од 1 јули 2012 година, како и дека било забележано огромно политичко влијание на одлуките на бугарскиот регулаторен орган.

Бугарскиот регулаторен орган денеска ги намали тензиите од вчера, кога премиерот Бојко Борисов најави итно одземање на лиценцата за работа на ЧЕЗ.

Според претставникот на енергетскиот регулатор, лиценцата не е одземена и во тек е испитување на можни нерегуларности од страна на чешката компанија.

Во Бугарија, во последните неколку дена не престануваат демонстрациите на неколку илјади луѓе кои излегоа на улиците поради високите цени на струјата. За финансиската кризна ситуација беа обвинети странските дистрибутери и кабинетот на премиерот Бојко Борисов, кој денеска поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП