26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСоцијалните мрежи ќе им плаќаат на најактивните корисници

Социјалните мрежи ќе им плаќаат на најактивните корисници

soc mrezi2

Битката на новите социјални мрежи со Facebook е многу тешка и изгледа невозможна. Сепак, постојат компании кои мислат дека можат да си освојат дел од овој инаку доста активен пазар.

Две од нив ќе примамат корисници со ветувања за парични надоместоци за најактивните, соопшти агенцијата „Associated Press“. Тие се викаат „Bubblews“ и „Bonzo Me“, идејата им е да им плаќаат на корисниците, чии пораки привлекуваат многу повеќе сообраќај и реклами.

„Сметам дека социјалните мрежи се искористени доволно од луѓето. „Facebook“ заработува многу пари од содржината што луѓето ја создаваат, но тие не добиваат ништо“, коментира Мајкл Нусбаум, кој е творец на „Bonzo Me“. Неговата социјална мрежа ветува дека ќе плаќа на корисниците до 80% од приходите од реклами, кои се генерирани од најпопуларните нивни пораки.

Ривалот „Bubblews“ има малку поинаков метод на работа. Алгоритмот на оваа социјална мрежа ќе следи колкава и каква е активноста на публикациите на корисникот. На оваа база ќе се вршат пресметките и ќе се даваат конкретни суми.

„Никој не треба да доаѓа на нашиот сајт со очекување дека ќе ја напушти работата. Сакаме дека сме искрени со своите корисници. Социјалните мрежи не треба да се места каде што се чувствуваш искористен“, коментира Арвинд Диксит, извршен директор на „Bubblews“.

Првично мрежата ќе плаќа по неколку пени за некаква интеракција со даден пост. Со зголемување на популарноста на публикациите на дадениот корисник ќе се зголемуваат и плаќањата. „Bubblews“ ќе го следи квалитетот на публикациите, па сакаат тие да се барем од 400 карактери или два параграф, пред да водат до линк на пример или слика.

Двете социјални мрежи веќе се надвор од фаза на тестирање и ќе прифаќаат регистрации. „Bonzo Me“ дури најавуваат дека веќе им платиле на корисниците вкупно околу 30 илјади долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП