26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДвете верзии на iPhone 6 ќе бидат претставени во различно време?

Двете верзии на iPhone 6 ќе бидат претставени во различно време?

iphone 6

Се уште непотврдениот најнов „iPhone“, кој се смета дека ќе се вика „iPhone 6“, се очекува да биде претставен во две верзии – голема и мала.

Според некои извори, сепак презентација на двата телефони ќе биде во различно време едниот ќе биде прикажан во септември, а другиот по неколку месеци, за да се избегне конкуренцијата меѓу нив.

Меѓутоа, сите не веруваат во тоа. Според „DigiTimes“, кои имаат доста променлив успех во предвидувањето на слични нешта, 4.7-инчниот „iPhone“ ќе дебитира прв, а по него ќе биде претставена 5.5-инчната верзија.

„Двата телефони ќе бидат претставени во различно време, бидејќи „Apple“ не сака да ја повтори грешката од 2013-та година, кога истовремено ги објави „iPhone 5S“ и „iPhone 5C““, пишува „DigiTimes“.

Претходно во овој месец аналитичарот од „KGI Securities“ Минг-Чу Куо соопшти дека претставувањето на „iPhone 6“ ќе биде одложено, но не свесно. Според него,продолженото производство е поврзано со проблеми со боите и чувствителноста на екранот.

Како и обично од „Apple“ не се декларирале дека дури се работи на шестата генерација на „iPhone“ и од таа причина компанијата не дискутира слични гласини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП