26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да оставите прв впечаток

Како да оставите прв впечаток

zapoznavanje prv vpecatok

Може ли на книгата да и се суди по својата корица? Кога станува збор за креирање на мислење за некого, се испоставува дека може. Првиот впечаток е неверојатно многу важен. Нашиот мозок со голема брзина ги составува вербалните и невербалните знаци во првата слика за некого кого само што го запознаваме.

Истражувањето покажа дека за првиот впечаток е потребно помалку од една секунда, а немораме дури ни лично да се запознаеме со личноста, доволно е да ја видиме нејзината фотографија на друштвените мрежи.

Било да станува збор за разговор за работа, прв состанок или запознавање со нова личност, првиот впечаток е немерливо моќен и скоро е невозможно да се промени. Но негрижете се: ова се фактите и триковите кои ќе ви помогнат да оставите совршен прв впечаток.

1) Првиот впечаток се креира многу бргу.

Студијата која во 2006-та година ја спроведе Универзитетот Престон откри дека е потребно само десетина секунди да го направиме првиот впечаток за некого, базиран само на неговите црти на лицето. За тоа време успеваме да процениме дали е некој привлечен, симпатичен, доверлив, компентентен или агресивен. Истражувачите открија и дека сигурноста и атрактивноста се квалитети кои најбргу ги проценуваме.

2) Многу е тешко да се промени.

Првиот впечаток е толку моќен така што може да ги замагли и фактите кои неможе да ја негираат и интелегенцијата на личноста, откри истражувањето. Без оглед на тоа што подоцна дознаваме за некоја личност, повторно се враќаме на првиот впечаток и ги проверуваме тие факти од таа перспектива. Ние ја судиме книгата врз основа на корицата и неможеме на друг начин, но можеме да го промениме мислењето ако се потрудиме.

3) Бројни фактори влијаат на нашиот прв впечаток.

Кога станува збор за интервју за работа или важно познанство, начинот на кој сме се облекле или силината при ракувањето може да бидат многу важни. Една студија од 2009-та откри дека начинот на облекување и држењето играат многу важна улога кај првиот впечаток, додека друга студија откри дека силината при ракувањето е многу важна. Слабиот зафат може да креира влијание на пасивност, па затоа потрудете се да имате силен зафат при првото ракување.

Дури и бојата на гласот е пресудна. Една шкотска студија откри дека луѓето врз основа на гласот проценуваат дали некој е сигурен, агресивен или топол.

4) За да оставите добар прв впечаток, запознајте се лично.

Серија на студии од Универзитетот во Британска Колумбија открија дека првиот впечаток се формира различно преку видео (преку „скајп“ или „имејл“), а различно во живо. Во двата случаи се суди за исти работи, како што се екстроверзија/интроверзија и допадливост. Сепак, првиот впечаток кај запознавањето преку видео е значително полошо, отколку при запознавањето во живо. Една студија откри дека првиот впечаток направен со прегледување на профилите на друштвените мрежи, значително се поклопува со првиот впечаток при запознавањето во живо, само што онлајн впечатокот е малку негативен.

Ако сакате да оставите добар прв впечаток, запознајте се со некој во живо.

5) Постои една линија која особено ја вреднуваме кога креираме прв впечаток.

Верноста ја ставаме пред довербата кога создаваме прв впечаток, секогаш имаме подобар прв впечаток за некого на кого можете да му верувате. А постојат и работи кои влијаат на тоа да дојдеме до заклучок дали на некој можете да верувате. Пуштете прво другата личност да зборува, така што ќе и поставувате прашања. Луѓето грешат кога мислат дека е најдобро први да кажат се што имаат. Проблемот со тоа е што така другата личност не се чувствува сигурно во вашата околина. Другите треба да почуствуваат дека ги разбирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП