26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКаква е таа Alfa која чини 700.000 долари? (фото)

Каква е таа Alfa која чини 700.000 долари? (фото)

stradale

„Alfa Romeo“ е специфична автомобилска марка чии модели се дизајнирани така да на своите сопственици им понудат уживање во возењето, за разлика од обичните автомобили. Поради тоа тие се нешто поскапи од другите модели од истиот автомобилски сегмент. Сепак, каква е таа „Alfa“ која чини повеќе од повеќето модели на „Ferrari“?

Станува збор за автомобилот „Zagato Alfa Romeo TZ3 Stradale“ кој со „Alfа“ го дели само знакот на маската на ладилникот и воланот.

stradale1

За дизајнот бил задолжен италијански „Zagato“, a возилото е засновано на моделот „Dodge Viper“.

Од фабриката на компанијата „Zagato“ излегоа само девет примероци, а еден од нив се најде во понудата на продавачите на „Ferrari“ автомобили во Њупорт Бич во Калифорнија.

stradale2

„Zagato Alfa Romeo TZ3 Stradale“ користи 8.4-литарски „V10“ мотор со 640 ks превземен од „Viper“.

Иако автомобилот кој се нуди на продажба не е нов, тој има поминато само 510 km, а продавачот за него бара 699.900 долари или околу половина милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП