2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина е пред економски колапс

Украина е пред економски колапс

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Економијата на Украина е пред колапс – принудното „затегнување на ременот“, растот на тарифите, трошоците за борбените дејствиа на југоистокот од земјата и намалувањето на државните нарачки за речиси 45 проценти ја доведоа земјата пред економски колапс, предупредуваат економистите.

Украина навлегува во дефлациона депресија, во најтешкиот облик на кризата, а економијата ќе падне уште пониско ако Украина влезе во зоната за слободна трговија со ЕУ и продолжи со непромислената политика за евроинтеграција.

За 45 проценти е намалена продажбата на нови патнички автомобили на домашниот пазар. Запрено е и државното инвестирање во важни гранки на украинската индустрија, а државните и локалните буџети се пред колапс.

Во Украина постојат големи проблеми со инфраструктурата, посебно на југоисточниот дел.

За Киев Русија е главен партнер како во поглед на извозот, така и во поглед на увозот. Економијата на земјата е тесно поврзана со руската, а сега сето тоа е стопирано – наведуваат економистите.

Тие предупредуваат дека ни перспективите за влез на европскиот пазар не можат да го променат деструктивниот тренд.

Според обемот на внатрешниот БДП Украина не му се ни доближи на нивото од 1990 година, а загуби и многу гранки кои произведуваа технолошки напредна продукција.

Дополнителен проблем сега е тоа што деиндустријализацијата на земјата се случува со забрзано темпо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП