26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално: Диего Коста е нов играч на Челзи

Официјално: Диего Коста е нов играч на Челзи

kosta celzi2992

Екипата на Челси официјално го објави привлекувањето на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста. Веста беше соопштена како на интернет страната на „сините“, така и на мадриѓаните.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја плати клаузулата за раскинување на договорот на 25-годишниот Коста со „јорганџиите“, а според „ББЦ“ таа изнесува 32 милиони фунти.

Интересот на Челзи кон Диего Коста беше познат веќе подолго време и воден од Жозе Мурињо, клуб сакаше да го финализира трансферот уште пред светското првенство.

Самиот играч исто даде согласност да премине на „Стемфорд Бриџ“. Меѓутоа договорот не можеше да се случи пред заминувањето на репрезентацијата на Шпанија за Мундијалот, дел од кој беше и Диего Коста.

Како што е познато, сепак „фуријата“ имаше краток престој во Бразил и тимот се врати во Европа. Ова му овозможи на Челзи да потпише со Диего Коста.

„Челзи може да потврди дека е постигнат договор со Атлетико Мадрид за трансферот на Диего Коста, а пречка беше само клаузулата за раскинување на договорот на играчот“, се вели во официјалното соопштение на сајтот на „сините“.

Малку претходно од клубот му посакаа се најдобро на Самуел Ето кој не е повеќе дел од тимот на Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП