26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЌе никнат три нови индустриски зони кај Демир Капија

Ќе никнат три нови индустриски зони кај Демир Капија

PICT0410.JPG

Во насока на унапредување на локалниот економски развој, општина Демир Капија ќе изгради уште три индустриски зони. Веќе се работи на нивните урбанистички планови, соопшти денеска градоначалникот Трајче Димитриев.

Две од индустриските зони ќе бидат лоцирани во катастарските општини Дрен и Корешница и ќе имаат површина од по 50 хектари. Третата, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, ќе биде во катастарската општина Прждево и ќе се простира на површина од 10 хектари.

– Таму се очекува да никнат нови стопански капацитети кои ќе отворат и нови работни места. За инвеститорите ќе има ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште, рече Димитриев. Тој нагласи дека покрај веќе постоечките, новите индустриски зони ќе овозможат нови инвестиции во општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП