26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Десет милиони фунти уплатени дека Руни дава гол!

СП 2014: Десет милиони фунти уплатени дека Руни дава гол!

runi sp

Навивачите на фудбалската репрезентација на Англија веруваат во Вејн Руни.

Во англиските обложувалници се уплатени рекордни 10 милиони фунти на тоа дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед вечерва ќе постигне гол против Уругвај на Светското првенство во Бразил.

Како што пренесуваат британските медиуми, и покрај критиките на сметка на формата на Вејн Руни, навивачите веруваат дека тој може да го „спаси“ националниот тим и да постигне гол против Уругвај, на натпреварот на кој Англија мора да победи за да остане на Мундијалот.

Многумина го критикуваа Руни поради слабата игра на првата средба од Светското првенство и поразот од 1:2 против Италија и бараа од селекторот Рој Хоџсон да го отстрани од тимот, но сепак во обложувалниците се уплатени 10 милиони фунти дека тој ќе постигне погодок.

Англија и Уругвај играат вечерва од 21 часот во Сао Паоло, средба од второто коло во Групата Д на која и двете екипи мораат да триумфираат за да ги задржат шансите за пласман во осминафиналето.

Уругвајците во првото коло загубија од Костарика (1:3), додека англичаните беа поразени од Италија (1:2).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП