2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно намалена стапката на невработеност во Велика Британија

Повторно намалена стапката на невработеност во Велика Британија

londonvbk87k78

Стапката на невработеност во Велика Британија е намалена од 6,8 проценти на 6,6 проценти на крајот на април, што е најниското ниво од декември 2008 година, соопшти британскиот Завод за статистика.

Во соопштението се наведува дека бројот на лица кои бараат работа е намален на 2,165 милиони по тримесечниот период кој заврши на крајот на април. Во март без работа биле 2,209 милиони лица.

Овој период е обележан со рекорден број на лица кои се вработиле – 30,535 милиони пренесува АФП.

Благодарение на силното закрепнување на економијата на Валика Британија, невработеноста е значително намалена во последните неколку месеци, така што на крајот на февруари стапката на невработеност падна на помалку од седум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП