27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанската комора го следи сучајот на „Европа“ и „Макпрогрес“ во Србија

Стопанската комора го следи сучајот на „Европа“ и „Макпрогрес“ во Србија

stopanskakomora23333

Стопанската комора на Македонија ќе се заложи за целосно решавања на случајот со обвинувањата за повреда на трговските марки на српката „Пионир“ од страна на „Европа“ за производот „Бонбон ноар“ и за „Медењаците“ на „Макрпогрес“.

„Во функција на обезбедување рамноправен третман на учесниците во постапката за повреда на правата од индустриска сопственост, која е поведена во Србија, Стопанската комора на Македонија во рамките на својата деловна соработка со Стопанската комора на Србија ќе се заложи за целосно решавање на овие случаи во најкраток можен рок во легално спроведени процедури“, велат од Стопанската комора на Македонија.

Според нив целта е засегнатите македонски компании, преку своите застапници во Република Србија, да ја утврдат и докажат фактичката состојба и да продолжат со своите повеќегодишни извозни активности на овие производи кои се присутни и препознатливи по својот квалитет на пазарите во регионот и пошироко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП