26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови поостри санкции за Русија ако не се ангажира за стабилизација на...

Нови поостри санкции за Русија ако не се ангажира за стабилизација на состојбата

angela-merkel-1_0nhygtx65s

Ангела Меркел изјави дека украинската криза не може да се реши со војна и повторно и се закани на Русија со нови посилни економски санкции, ако таа земја не се ангажира за стабилизирање на ситуацијата.

Во интервјуто за регионалниот весник „Westfalenpost“, германската канцеларка се заложи за дипломатско решение на украинската криза, како што пренесуваат медиумите, и им „одржи лекција“ на сите кои имаат воени размислувања.

Меркел нагласи дека сите претставници на украинското и руското општество, кои се изјаснуваат против насилство, мораат да бидат вклучени во националниот дијалог и дека таа лично „во оваа тешка фаза“ може повторно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Меркел, истовремено, се закани со нови уште посилни санкции кон Москва, доколку Русија не се ангажира за потребната стабилизација на ситуацијата и изјави дека и стопанствениците и компаниите ќе мора да имаат разбирање за тоа, без оглед на штетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП