2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев ја доби првата транша помош од ММФ

Киев ја доби првата транша помош од ММФ

Ukrajina_BetaAP1

Украина ја прими првата транша помош од околу 3,2 милијарди долари од пакетот помош од 17 милијарди долари кој ќе го добие од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во наредните две години, сопшти денес централната банка.

Во соопштението се наведува дека првата транша помош е веќе префрлена. Повеќе од милијарда долари отишле во девизни резерви на централната банка, а остатокот во државниот буџет, ијави портпаролот.

Претходно, Одборот на гувернери на ММФ ја одобри антикризната програма за Украина.

Исплатата на дополнителните транши зависи од резултатите на редовните контроли за спроведување на предвидените мерки од страна на украинската власт. ММФ ќе врши проверки еднаш во два месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП