26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНови промени: Нема повеќе криење на Фејсбук!

Нови промени: Нема повеќе криење на Фејсбук!

Фејсбук подобри многу работи кои се во врска со приватноста, но на многумина ќе им пречи тоа што повеќе нема да има опција да го сокријат своето име при пребарувањето на Фејсбук.

Фејсбук претстави многу промени кои ќе ја заштитат приватноста на корисникот и ќе му овозможат поголема контрола над својата приватност и информациите кои ги споделува на оваа мрежа.

Од друга страна, многу корисници ќе ги загрижи укинувањето на опцијата која досега овозможуваше криење на името при пребарувањето.

Што се однесува на останатите новитети во поставките за приватност, велат дека тие ќе овозможат подобра контрола врз содржината, фотографиите и коментарите кои можат да ги видат другите корисници.

Ќе биде поедноставно да побарате да се тргне некоја фотографија која ја објавиле други корисници.

На корисниците, иконата за нови поставки за приватноста, ќе им се појави во горниот десен агол на Фејсбук до крајот на годинава, па корисниците на ова место, едноставно, ќе можат да одредат кој може да ги контактира преку Фејсбук, односно ќе можат да одлучат кого да го блокираат на оваа социјална мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП