26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го награди Роџерс со нов договор

Ливерпул го награди Роџерс со нов договор

rogesrss

Сагата околу продолжувањето на договорот на менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс, заврши среќно за навивачите на тимот. Тој се согласи да остане верен на клубот до 2018-та година.

Според весникот „Гардијан“, се е веќе прецизирано, а официјалното потпишување ќе се одржи на денот по крајот на сезоната во Англија.

41-годишниот стратег дојде на „Енфилд“ во 2012-та година, менувајќи ја легендата Кени Далглиш. Тој тогаш потпиша за три години, а сега добрата негова работа беше наградена со уште три години според овој договор.

Веста за потпишувањето доаѓа како знак на поддршка од раководството, иако екипата направи кикс на гостувањето кај Кристал Палас, кој може да биде смртоносен во борбата за титулата.

Раководството на „црвените“ сепак сметаат дека работата на Роџерс е совршена и до последниот круг, тој е во борбата за првата титула по 24 години.

„Сакам да се заблагодарам на шефовите, бидејќи гласаа за доверба на еден 39-годишен стратег и го оставија да развие идеи за фудбалот. Ако не беше нивната поддршка, едвај ќе можевме да постигнеме резултати. Им ветувам на нив и на навивачите дека ќе се бориме до последниот судиски свиреж. Нашата сезона не завршува до крајот на натпреварот со Њукасл во недела“, изјави Роџерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП