26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМексико - земја со најниски трошоци за бизнис

Мексико – земја со најниски трошоци за бизнис

meksiko-630x425fe43rf3r

Мексико е земја со најниски трошоци за бизнис во светот, а најскапа е Германија каде трошоците се поголеми за 0,9 проценти отколку во САД, се наведува во студијата „Конкурентни Алтернативи“ на KPMG.

Студијата ги оценуваше трошоците за труд, локацијата, сообраќајот, енергетиката и даноците. Предноста во однос на трошоците за бизнис во една земја се базира врз просекот на трошоци во најголемите градови.

Врз основа на тие податоци, добро е пласиран и канадскиот Монтреал, за кој се покажа дека за сите области има пониски трошоци за осум проценти во однос на САД.

Следи Холандија, каде трошоците се пониски за 5,5 проценти. На четвртото место е Велика Британија каде трошоците се слични како и во Холандија.

Најголем напредок направила Јапонија, која за прв пат од 1999 година, од кога започна процесот за мерење на трошоците, стана поповолна отколку САД.

Трошоците за изнајмување на простор се најниски во Мексико, Холандија и Германија, а транспортните трошоци се најниски во Јапонија, САД и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП