26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов: За спроведување на економските политики најдобар е мирниот амбиент

Богов: За спроведување на економските политики најдобар е мирниот амбиент

bogov2

Мирен амбиент по изборите е најдобар за спроведување на економските политики и раст, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, кој уверува дека Народната банка ќе ја задржи ценовната стабилност.

– Не би ги коментирал политичките случувања по изворите, сепак, НБРМ е тука да си ја изврши својата цел, а тоа е ценовната стабилност да биде задржана како и стабилноста на банкарскиот систем. Во секој случај мирен амбиент би бил најдобар за спроведување на економските политики. НБРМ е тука во секакви услови да ја одржи стабилноста на нашата економија. И тоа ќе го правиме, изјави Богов одговарајќи на новинарски прашања на Третата меѓународна истражувачка конференција на тема „на патот кон заздравување и одржлив раст во променето глобално окружување“.

Посочи дека за две недели Централната банка ќе излезе со најнови проекции за економскиот раст и инфлацијата, но додаде дека првичните сигнали се дека растот на БДП ќе биде некаде околу претходната проекција која беше 3,7 проценти.

– Секако во новата проекција земаме предвид некои ризици околу кризата поврзана со Украина и можните меѓународни санкции, но не можеме целосниот ефект да го предвидиме во овој момент, рече Богов и додаде дека инфлацијата ќе биде пониска од очекуваното околу 1 отсто.

Во однос на конференцијата посочи дека од презентациите изнесени од учесниците укажуваат на подобрување на глобалниот амбиент, но оти останува уште време да помине додека светската економија целосно да се нормализира, а тоа би значело растот да биде присутен и кај развиените и кај земјите што се во подем на ниво на потенцијалниот раст.

Учесниците потенцираа дека структурните реформи се клучни фактори и добрата координација меѓу монетарната и фискалната политика заради одржување на стабилноста во економиите при што нема да има тензии од страна на нарушување на ценовната стабилност, а ќе биде задржана и финансиската стабилност бидејќи, како што рече, тие се основите кои придонесуваат за еден одржлив подолгорочен раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП